Словенија го избира својот петти претседател денесла по распадот на југословенската федерација во 1991 година.

Во првиот круг ќе има 9 кандидати, од кои пет се жени. Ако ниту еден од нив не добие 50 отсто од гласовите, вториот круг од изборите ќе се одржи на 12-ти ноември.
Според официјалните податоци, 1,7 милиони Словенци имаат право на глас. Прелиминарно гласање се одржа на 17-19 октомври за оние кои нема да можат да гласаат денес од различни причини. Се работи за 28.200 лица или 1,65% од електоратот.
Неоспорен лидер е досегашниот шеф на државата, Борут Пахор. Тој учествува во изборите под мотото “Заедно”, со кој победи на изборите и во 2012 година. Според него, универзалната соработка треба да стане “најважниот начин за национален развој”. Тој изрази уверување дека главната улога на претседателот е да ги здружи луѓето во силна заедница. Борут Пахор најави дека ќе се залага за зајакнување на политичката стабилност, ќе поддржува реформи, модернизацијата на системот за национална безбедност, ќе се стреми кон одржување на добрососедските односи во регионот и ќе зајакнува угледот на Словенија меѓу меѓународната заедница. Пахор го повикува шефот на државата да комуницира со обичните граѓани. Во својот прв мандат тој учествуваше во 840 настани во целата земја, а неговата канцеларија беше посетена од над 11.000 души. За време на изборната кампања, тој направи 300 километри пеш поход во целата земја од словенечко-унгарската граница до Пиранскиот залив во Јадранското Море. На патот, тој постојано комуницирше со граѓаните. Неговите сонародници го нарекуваат “Кралот на Instagram” поради неговата интернет активност.
Иако избиран директно, словенечкиот претседател спроведува главно церемонијални функции, додека реалната власт му припаѓа на премиерот, кој во моментов е Миро Церар.