Загрепското обвинителство распиша меѓународна потерница по тајкунот Ивица Тодориќ.

Загрепското Жупаниско државно обвинителство покрена истрага против Ивица Тодориќ, неговите синови Иван и Анте Тодориќ, и против дванаесет менаџери на „Агрокор“ поради незаконско прибавување на стотици милини евра.
Загрепскиот суд одреди истражен затвор само за Ивица Тодориќ, а другите во средата беа пуштени да се бранат од слобода.
На вкупната штета ѝ се надоврзува и полза во висина од дополнителни 320 милиони куни, прибавени за правно лице со фалсификување исправи и незаконско водење на деловните книги.