Морничава работа за која се плаќа и по 4.200 евра на ден

од desk2
65 прегледи

Мију Коџима од Јапонија има многу необична работа. На местото каде работи мора да отиде тим од шест луѓе. Таа заработува одлично, но е задолжена да чисти станови на покојни луѓе.

Девојката е 24-годишна и е најмлада во компанијата To Do. Воедно таа е единствена жена во компанијата.

Овој феномен е чест во Јапонија затоа што имаат стара популација.

„Воглавно ги чистам куќите и становите каде се случила „самечка смрт“- вели таа.

Со оваа работа се занимава веќе две години, завршува со обврски до 15 часот и заработуваат како тим од 2.500 до 4.200 евра.