Маска за iPhone, поскапа од iPhone

од desk2
69 прегледи

Оваа единствена титаниумска маска за iPhone чини повеќе од тој паметен телефон, за кој се знае дека не е баш по пристапна цена. Производител е компанијата Grey, позната по своите луксузни модни додатоци за телефони.

Производителот истакнува дека со оваа маска iPhone станува неуништлив, а како единствен недостаток наведува дека не го заштитува екранот. Нејзините рабови се дизајнирани така, што спречува директен пад на телефонот на екран.

Маската е направена од два дела, и може да се одложи кога не се користи во посебна кутија. Деловите се ставаат на краевите од телефонот и кога ќе се состават прават цврста целина која е речиси невозможно да се уништи.

Цената на маската е неверојатни 1.345 долари, што е износ за кој можат да се купат два нови телефони.

Сепак, производителот вели дека има многу заинтересирани кои сакаат нивниот телефон да изгледа уште поуникатно и поскапо.