Управен суд одби 9 тужби на ВМРО-ДПМНЕ и една на ТМРО

од desk4
95 прегледи

Управниот суд досега објави 10 одлуки за тужбите поднесени против ДИК за локалните избори. Управниот суд ги одбил сите десет тужби како неосновани.

Девет од одбиените тужби се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ за Аеродром, Чаир, Сарај и Центар, како и за Радовиш и за Прилеп.

Десетата одбиена тужба е поднесена од ТМРО за општините Аеродром и Кавадарци, како и за град Скопје.

Сите тужби се одбиени како неосновани.

Управниот суд треба да донесе и да објави уште 18 одлуки по тужби на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ (15 тужби), ТМРО (1), Левица (1) и Алијансата за Албанците (една).