МВР демантира!

од Vladimir Zorba
256 прегледи

Времето на злоупотреби на МВР за партиски цели заврши со промената на власта Нема прислушување

Министерството за внатрешни работи повторно демантира дека се прислушкуваат членови на раководство на некоја политичка партија.

Тоа не е точно.

МВР ги отфрла како целосна невистина наводите изнесени во јавноста од една политичка партија.

Времето на злоупотреби на МВР за партиски цели заврши со промената на власта. Во Министерството за внатрешни работи следењето на комуникациите се одвива исклучиво согласно процедурата пропишана во постојните законски и подзаконски акти.

Дополнително, напоменуваме дека во Собранието на Република Македонија постојат две надзорни комисии чија функција е вршење надзор над работата на УБК и АР и над примената на ПИ мерките и тие во секој момент можат да извршат надзор и контрола над примената на овие мерки, се вели во демантот на МВР на тврдењата на ВМРО ДПМНЕ дека се прислушкувале партиските челници на партијата.