(ВИДЕО+ФОТО) Најскапата женска чанта вреди 3,8 милиони долари

од desk4
94 прегледи

Аукциската куќа Кристи на аукција ја понуди најскапа чанта за дами во светот. Чантата се проценува на 3,8 милиони долари, наведува Life. Таа е во форма на срце и е изработена од Роберт Муауад – од гигантот за накитот Mouawad, основана во 1890 година во соработка со него врз творбата работеле 10 висококвалификувани занаетчии кои имаат поминато 8.800 часа во изработката на чантата. Таа е крстена според дијаманот од 1001 ноќ, а тоа е 18-каратно злато.

На неа се ставени 4.517 дијаманти, од кои 105 од нив се жолти, 56 се розеви, а 4.356 се бели. Нивната вкупна тежина е 381,92 карати. Во 2010 година таа беше продадена за 3,8 милиони долари со што беше внесена во Гинисовата книга на рекорди. Експертите, сепак, веруваат дека таа денес може да се продаде за двојно повисока цена.