Шведски ловџија ненадејно наиде на елен кој не е биолошки ниту мажјак ниту женка, додека бил во лов во шумата.

„На почетокот, не видов ништо чудно. Беше како секој друг елен додека не погледнавме подобро“, вели ловџијата Карл-Густав Лидерфелт, кој го убил животното.
Овој 67-годишне човек лови елени откако бил тинејџер, а во саботата наишол на елен хермафродит во Ексјо, Јончопинг во јужна Шведска.
Најлесен начин да препознаеш елен дали е од женски или од машки род е по неговите рогови, поради што ловџијата мислел дека овој е мал мажјак. Но, потоа забележал дека во базата на роговите има цврста маса. Животното имало глава како женка, а кожата под брадата му била како кај мажјаците, речиси не постоела.
Кога ловџиите почнале да ги вадат внатрешните ограни од еленот, откриле дека има дојки, но исто и скротум, но немал тестиси.
„Никој од нас немаше видено вакво нешто – ветеринарот ми кажа дека ова се случува три пати годишно, од 100.000 елени кои се убиваат секоја година во Шведска“, вели Лидерфелт.
Животното тежело 220 килоргами, 30-40 килограми повеќе од просечна женка. Неговите години не се точно одредени, но ловците сметаат дека животното е старо околу 4 години.
Покрај невообичаената полова одредба на еленот, немало други проблеми со месото.