
Австралиски археолог користејќи го Google Earth идентификувал речиси 400 недокументирани камени структури во саудиската пустина, кои биле создадени од луѓе пред повеќе од 2.000 години, соопшти АФП.
Дејвид Кенеди, од Универзитетот во Западна Австралија, води тимови кои документирале многу археолошки локалитети на Блискиот Исток. Меѓутоа, тој рече дека не може да го објасни значењето на овие камени структури, од кои некои се стари 9.000 години.
„Тие не се гледаат јасно од нивото на подлогата, но ако ги погледнеме од високо, од неколку десетици метри или повеќе, ако е од сателит, се појавија во целата своја убавина“, рече Кенеди. Тој ги споредува со бариери – две вертикални скали кои се поврзани хоризонтално.
За прв пат вакви камени структури се видени од саудискиот аматер археолог Абдула ал-Саид во 2004 година. Во 2008 година тој ги идентификува неколку со помош на Google Earth, по што комуницирал со Кенеди. Дејвид Кенеди е специјалист за воздушна археологија. Од 1997 година тој и неговиот тим пронашле илјадници камени структури, главно во Јордан. Некои од нив се користат како ловни стапици.