Коце Трајановски деценискиот градоначалник во Скопје конечно си заминаод фотељата на градот. Иако со кисели насмевки тој сепак го пречека новиот градоначланик Петре Шилегов и без голема помпа замина од кабинетот , а воедно и од децениското владеење и градоначалничката фотеља што на општината Гази Баба што на градот Скопје.Фотографијата на Ѓорѓи Личовски, на СДК, е најдобриот комантар за емоциите за примопредавањето на функцијата во македонската метропола .

Новиот градоначалник на Скопје Петре Шилегов ја презеде функцијата од претходникот Коце Трајановски и рече дека од утре започнува да работи за решавање на проблемите. Тој се заблагодари на граѓаните што гласале за промени.
„Победата претставува голема обврска, ќе работиме трансапарентно и отчетно со консултација со граѓаните и граѓанските организации”, рече Шилегов.
Трајановски при предадавањето на функцијата им се заблагодари на сите што гласале за него.
Во продолжение изјавата за медиуми, на новоизбраниот градоначалник на Град Скопје:
Благодарност до граѓаните на Скопје кои што со нивната масовна поддршка, овозможија да се заокружат промените и во градот Скопје. Укажаната доверба станува обврска за нас, да работиме одговорно, транспарентно, домаќински и пред се во интерес на сите граѓани на градот Скопје. После долги години успеавме Скопје да го вратиме на граѓаните. Скопје повторно ќе биде град на хуманоста, град на солидарноста.
Македонија конечно доби главен град, кој што ќе ги поврзува граѓаните и кој што ќе работи за нив. Новата градска администрација што ќе ја предводам, ќе го продолжи принципот на одговорност, инклузивност и отчетност, што го воспостави владата предводена од СДСМ.
Ќе работиме во интерес на сите граѓани, без разлика на нивното место на живеење и без разлика на нивната етничка или партиска припадност. Сите одлуки, кои што ќе бидат носени ќе се носат заедно со граѓаните, а во консултација со граѓанските здруженија и стручната јавност.
Ќе работиме заедно со градоначалниците на сите останати скопски општини, кои што исто така треба да се развиваат заедно со градот. Јас очекувам дека и во преостанатите општини на 29 октомври граѓаните ќе дадат доверба на кандидатите на СДСМ и коалицијата, со цел да го вратиме животот подеднакво во сите општини и тие општини да бидат дел од промените кои што ќе се случуваат во Градот Скопје и во Република Македонија.
Уште еднаш, сакам да ја истакнам мојата благодарност до сите граѓани, до сите институции и политички партии кои што учествуваа во изборниот процес и овозможија тој процес да биде слободен и демократски. На овие избори победија граѓаните, победи Скопје, порача Шилегов.