Две жени и нивните кучиња се спасени од лудата пловидба по Тихиот Океан, откако ги пронајде американската морнарица.

Џенифер Апел и Таша Фуиаба запловиле на 30 март, а брод на американската морнарица ги спаси во четврток наутро. Тие патувале од Хаваите кон Тахити, но нивната едрилица се расипала, па скршнале од патот.
По два месеци почнале секојдневно да прашаат повици за помош. Нивните сигнали не се слушале затоа што биле далеку од брегот и од други бродови.
Апел вели дека преживеале благодарение на прочистувачите за вода и залихи храна кои можеле да им траат една година. Храната главно се состоела од ориз и тестенини.
Таа и нејзината сопатничка првобитно се забележани на 1.448 километри од брегот на Јапонија, а ги открил тајвански рибарски брод. Тој брод ја контактирал крајбрежната стража на Гуам, која пратила координати во Спасувачкиот центар во Тајпеј, на Јапонскиот центар за координација и Координацискиот центар во Хонолулу.
Бродот USS Ashland бил во близина па го открил едреникот на кој биле двете жени. Тие се спасени, добиле храна и лекарска помош и ќе останат на бродот фдодека тој не биде повикан на пристаниште.
„Благодарна сум им за нивната служба на нашата земја. Ги спасија нашите животи. Се чувствував гордо и среќно кога ја видов морнарицата на хоризонтот. Следуваше олеснување“, вели Апел.