Научниците во индиската покраина Гујарат открија фосил на „морско чудовиште“ ихтиосаурус старо 152 милиони години.

„Ова е фантастично откритие и се работи за до сега најсочуван фосил на ихтиосаурус пронајден во Индија“, вели научникот Стив Брусат.
Професорот Гунтупали Прасад кој го водеше овој потфат вели дека примерокот на ихтиосаурус е долг 5,5 метри и речиси е комплетен, нестасуваат само делови на черепот и коски на опашката.
„Ова е исклучително откритие, не само затоа што се работи за вистински ихтиосаурус од периодот јура најден во Индија, туку ја расветлува и еволуцијата и разноликоста на ихтиосауруси во овој регион“, вели Прасад.
Тимот научници кои работеле на ова откритие велат дека пронајдениот примерок припаѓа на офталмосауруси од семејството ихтиосауруси кои живееле во морето. Анализата на забите покажала дека овој ихтиосаурус бил врвен предатор во тогашниот екосистем.