Масовно труење во Гостивар: Ќе се испитува водата, резултатите од анализата – следната недела

од desk4
87 прегледи

Министерството за здравство информира дека денеска екипа од Институтот за јавно здравје зела дополнителни мостри за испитување на квалитетот на водата во Гостивар, во однос на бактериолошка исправност, периодично физичко-хемиска, како и анализа на остатоци од пестициди, информираат од таму.

Резултатите од анализите се очекуваат на почеток на следната недела.

Bо текот на ноќта, во гостиварската болница лекарска помош побарале уште 60 нови лица со симптоми на дијареа и на изнемоштеност и со ова, вкупната бројка на заболени се зголеми на 360 лица.

 

Надлежните го испитуваат случајот. Првичните анализи покажуваат дека храната не е причинител. Од Центарот за јавно здравје во Гостивар велат дека и мострите земени од водата за пиење покажале дека е безбедна.

Директорот на Гостиварската болница вели дека иако анализите на водата се негативни, сепак побарал дополнителни испитувања.

Во Гостивар се земени и нови мостри од водата за дополнителни испитувања. Резултатите ќе бидат готови за неколку дена. Дотогаш лекарите препорачуваат граѓаните да внимаваат на хигиената и да пијат флаширана вода.