
Врховниот командант на руската армија, претседателот Владимир Путин учествувал во вежбите на менаџментот на стратешките нуклеарни сили, објави прес секретарот на рускиот шеф државата, Дмитриј Песков, цитиран од светските новински агенции.
Голем број британски медиуми, меѓу кои Mirror, Daily Mail и The Sun, објавија репортажи за големата руска вежба со 4 истовремено истрелани интерконтинентални балистички проектили, меѓу кои се нагласуваат карактеристиките на најперспективната ракета „СарматС РС-28“.
„Беше испробана интеракцијата на ракетните сили со стратешко значење (РВСН) и атомските подморници на Северната и на Пацифичката флота и авијацијата со далечен дострел на ВКС на Русија“, прецизира Песков.

Тој додаде дека Путин извршил истрелување на четири балистички ракети. За време на вежбаата од космодромот Плесецк била направена воена проценка на РВСН и во тој контекст се истрелани интерконтинентални балистички ракети по цели на територијата на полигонот Кура.

Нуклеарна подморница од Пацифичката флота истрелала две балистички ракети од акваторија на Охотско Море кон полигонот Чижа (Архангелска област), а од акваторија на Баренцовото Море подморница од Севернатат флота истрелала балистичка ракета кон полигонот кура.
Авиони од далечната авијација Ту-160, Ту–95МС и Ту–22М3, кои полетале од базните аеродроми Украинка, Енгелс и Шајковка истрелале крстосувачки проектили кон копнени цели на полигонот Кура (Камчатка) Пембој (Република Коми) и Теректа (Казахстан). Од руското Министерство за одбрана забележуваат дека вежбите поминале успешно.