Си возиш во Скопје поточно по скопската улица „Рузвелтова“ во колона и наеднаш врз шофершајбна ти паѓа бандера сосе кабли.

Ваква била сликата синоќа на фрекфентната улица „Рузвелтова“ во Скопје.
Страв, стрес и исекотини добиле лицата чии автомобили биле затекнати на местото.
Причината за ваквата несреќа било тоа што автобус на ЈСП го повлекол кабелот од бандерата а таа паднала врз автомобилите. Најверојатно причината за олабавеноста на каблите била невреме кое го зафати Скопје.
На лице место пристигнала полиција која направила увид, ЈСП, ЕВН и телеоператори.