(Видео) Со автомобил газел се пред себе на „Кнез Михајлова“ во Белград

од desk2
79 прегледи

Утрово околу 7 часот, 31- годишниот В.С. со автомобил влета на пешачка зона на улицата „Кнез Михајлова“ и ја удри 21-годишната Драгана Станковиќ, која за влакно ја избегна смртта.

Утврдено е дека В.С. кој на крај завршил во челичен столб, имал 2.3 промили алкохол во крвта.

Наводно, на „манијачкото возење” му претходела тепачка во близина, па бркајќи ги момците кои го нападнале, влетал со автомобилот на пешачката зона.

Со две возила на Брза помош, возачот и повредената девојка се префрлени на Клиничкиот центар, каде на девојката и е извршена операција на нога.

Ова стравично видео сведочи за настанот.