Шест години затвор за ограбувач вооружен со сникерс

од desk2
96 прегледи

Еден Русин е осуден на шест години затвор откако ограбил неколку продавници и неколку жени пред да биде фатен и да се открие дека бил вооружен само со чоколатце сникерс.

Русинот, инаку поранешен робијаш, сторил неколку криминални дела во градот Томск во Сибир, а чоколатцето го држел во пластично ќесе, за што сите мислеле дека е пиштол.

Разбојникот на возраст од 26 години, ограбил жена, три продавници и маркет пред да биде фатен од полицијата.

На суд како мотив за грабежите навел дека му биле потребни пари за да се врати дома во град оддалечен 5.000 км од Томск, а осуден е по пет точки од обвинението.