(ГАЛЕРИЈА) Принцезата Дијана доби своја наследничка – ги наследила сините очи и шармот

од desk4
100 прегледи

Внука на принцезата Дијана ги наследи нејзините убави сини очи и шармот на тетка си. 26-годишната Кити е најголемото дете на братот на принцезата – Чарлс Спенсер и поранешниот модел Викторија Локууд.

Состојбата на нејзиното семејство се проценува на над 150 милиони долари, така што галмурозниот живот и е загарантиран уште од денот на раѓањето.

Нејзината прва јавна манифестација во општеството беше во 2007 година. Оттогаш животот и е ураган од средби со аристократи, екстравагантни забави или патувања. Сето тоа се комбинира со својата посветеност како модел.

Иако е дел од британскиот елита, животот на русокоса не секогаш бил лесен. Детството и е засенето од разводот на нејзините родители, престој на нејзината мајка во клиника каде се лекува зависноста од дрога и алкохол и смртта на принцезата Дијана. Лејди Кити Спенсер го добила своето образование на Универзитетот во Кејптаун, каде студирала политика, психологија и англиската литература. Подоцна, таа магистрирала на Лондонскиот универзитет.

Денес се занимава со добротворни активности, но наоѓа време за патувања до егзотични дестинации и забави.