
Во перуанската пештера Наска се откриени неколку мумифицирање тела со „извадени“ глави и по три прста на рацете и на нозете.
Според научниците, тоа е остаток од вонземјани. Сепак, скептиците имаат друго мислење, пишува Метро. Британскиот научник Едсон Виванко изјави дека главите на „вонземјаните“ без сомнение се вистински, а кај нив има и карактеристики на човечки черепи.
Значи експертот се сомнева дека таквата форма на глава може да биде „направена специјално“. Виванко не ја исклучува и можноста тие да имаат странско потекло. Повеќето експерти ја поддржуваат неговата гледна точка.
Други, пак, укажуваат на тоа дека телата на странците можеби биле направени од човечки остатоци, најчесто деца. „Ако е така, тоа е сериозно злосторство“, рече еден од истражувачите. Исто така, се покажа дека ДНК на еден од „вонземјаните“ целосно се совпадна со човековата. Научниците во моментов го проучуваат наодот.