Макрон надушка марихуана на патувањето во Гвајана

од desk2
71 прегледи

Кога францускиот претседател Емануел Макрон „надушка“ марихуана за време на неговата посета на прекуокеанската територија Француска Гвајана, тој се пошегува: „Сè уште имам нос.“

„Значи, некои од вас не пушат само цигари, ха“, рече тој смеејќи се откако позираше за фотографирање со локалното население во главниот град Кајен, во петок вечер.

„Тоа нема да ви помогне во училишната работа“, им порача на пушачите на видеото постирано на неговата Facebook страна.

„Кажете им го тоа на најмладите“, вели Макрон.

Макрон ја заврши својата 48-часовна посета на јужноамериканската територија, која се граничи со Бразил, во саботата.

Тој рече дека не е Дедо Мраз, откако се соочи со демонстрации на почетокот од неговото патување, кое доаѓа шест месеци по бранот протести за безбедносните проблеми и невработеноста.

Многу локални жители сметаат дека владата во Париз не води грижа за нив, со невработеност од 23 отсто, масовна илегална имиграција, без патишта и сиромашна инфраструктура, споредено со Франција.