(ВИДЕО) Воен експерт: Зошто Путин лично ги провери нуклеарните сили на земјата – клучот од „нуклеарното куферче“ е со него…

од desk4
104 прегледи

Претседателот на Русија Владимир Путин лично учествуваше на последните тестирања на стратешките нуклеарни сили, бидејќи како командант на ВС на Русија, тој е одговорен за нивната воена употреба.

Ова го тврди воениот експерт – полковник Виктор Мураховски.

Во четвртокот Путин лично учествуваше на вежбите на управата на стратешките нуклеарни сили на земјата,  на кои беше проверена координацијата на ракетните сили со стратешка намена, нуклеарните подморници на Северната и Пацифичката флота, како и авијацијата на Воздушно – космичните сили на Русија.

Како што соопшти прес-секретарот на Путин Дмитриј Песков претседателот на Русија извршил проверка на истрелувањето на четири балистички ракети.

Врховниот командант учествуваше на вежбите, бидејќи на него е одговорноста да ја донесе конечната одлука за  дејствување на овие системи.

Претседателот лично се убеди во подготвеноста на стратешките нуклеарни сили за извршување на задачи со одредена намена. Системот за воено управување функционира одлично, сите елементи ја потврдија целосната борбена готовност , открива воениот експерт Мураховски.

Тој открива дека заедно со Путин постојано одат двајца со т.н. „нуклеарно куферче и тоа без разлика каде во тој момент е претседател на Русија.