Зијадин Села од Алијанста на Албанците, заедно со Никола Груевски не ги признаваат изборите.Тие заедно со Беса се целосни губитници на овие локални избори.

Али Ахмети те чекам на парламентарни избори, порача Зијадин Села по поразот во Струга. Тој вели секаде победил ама дека манипулациите биле очигледни во пакет со полицијата и судовите, и затоа ги изгубиле изборите во Струга. ЗА Гостивар сепак победа на кандидатот на Села Арбен Таравари.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски не ги признава резултатите од локални избори, кои, како што рече вечерва по завршување на гласањето од вториот изборен круг, никогаш нема да ги смета за фер и демократски.
– Во Македонија се случија мафијашки избори. Колку и ОБСЕ да ги оцени како позитивно спроведени на секој граѓанин му е совршено јасно дека фер и демократски избори во Македонија немаше, рече Груевски, обвинувајќи за редица нерегуларности во текот на гласањето, но и неправилности во текот на изборната кампања.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ побара организирање предвремени парламентарни избори, согласно Пржинскиот модел кои ќе бидат спроведени од техничка Влада, на истиот начин како што беа организирани Парламентарните избори во декември 2016 година, смена на директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизулени и медиумски услуги и избор на нов на предлог на опозицијата, оставка од претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски и враќање на старото законско решение и избор на претседател на ДИК од редовите на опозицијата.
СДСМ првично прогласи победа во 10 општини .Победивме во Бутел, Градско, Карбинци, Кисела Вода, Македонски Брод, Могила, Новаци, Старо Нагоричане, Чашка и Штип, рече Ивана Туфегчиќ од СДСМ.

Повторно граѓаните гласаа фер и демократски избори и притоа одлучија дека се за промени, изјави пратеничката на СДСМ Ивана Туфегчиќ на вечерашната прес конференција.
– Првично, во овој втор круг од локалните избори, според првичните резултатити имаме победа во општините Бутел, Градско, Карбинци, Кисела Вода, Македонски Брод, Могила, Новаци, Старо Нагоричане, Чашка и Штип, – нагласи таа.

По долго време Република Македонија е горда што имаше фер, демократски и мирни избори, оцени денеска на прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по завршување на вториот круг од изборниот процес на Локалните избори и се заблагодари на полицијата за покажаната професионалност и успешното и ефикасно извршување на зададените задачи.
– Не се забележани серозни нарушувања на јавниот ред и мир и сигурноста на граѓаните. Заради основани сомневања за сторени кривични дела против изборите досега се приведени седум лица, информираше министерот Спасовски и додаде дека приведено е уште едно лице за физички напад, но дека сеуште се работи за овој случај за да се утврди дали се работи за изборниот процес.
Во полициската станица Битпазар приведени биле две лица поради сомнение за сторено кривично дело поткуп на избори и гласање. Приведени биле и пет лица кои ги фотографирале избирачките ливчиња од гласањето, од нив три се во Скопје, а по едно во Пробиштип и село Дулица.
Во Скопје се фотографирале гласачки ливчиња на гласачкото место во ОУ „26 ЈУли“, на гласачкото место во месната заедница Црниче и на гласачкото место во ОУ „Васил Галвинов“. Против овие лица, како што рече, министерот Спасовски ќе бидат поднесени соодветни прекршочни пријави.
За нападот за кој претходно информираше министерот приведено е едно лице од Шуто Оризари и се работи на целосно расчистување на случајот.
Одговарајќи на новинарско прашање за пријава во внатрешната контрола на МВР, министерот рече дека пријавени се два случаја што е помалку во однос на првиот изборен круг.