Трамп сега се фати со судот и транссекусалците

од Vladimir Zorba
121 прегледи

  Федералниот суд во Вашингтон му забрани на американскиот претседател Доналд Трамп да ја менува политиката за служење на транссексуални лица во Вооружените сили на САД. 

Во август годинава, Трамп изјави дека планира да ја измени одлуката од 2016 година, со која служење во Армијата ми се дозволува на лица кои отворено се декларираат како транссексуалци.

Тој тогаш најави дека ќе нареди враќање на претходните одредби со кои на транссексуалните лица не им се дозволуваше служење во редовите на Вооружените сили на САД.

Судот оцени дека трансексуалците припадници на Вооружените сили на САД кои поднесоа жалба против најавената измена на Трамп, веројатно би го добиле спорот во судски процес и му забрани на американскиот претседател да ја менува оваа армиска политика.