ЛАГА е ! Апсолутно отфрлам се дека полицијата била инволвирана во изборна кампања !

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Апсолутно ги отфрлам со индигнација сите наводи, на било кој политичар кој сака да ги инволвира полицајците во изборната кампања, не се вклучува ниту еден полицаец во кампањата на било која политичка партија во Македонија, тврди министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во синоќешиот настапа на Тв Телма, алудирајќи на забелешките од Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Обвинувањата од Таравари и Села, дека праќал пораки на луѓе да не се среќаваат со, сега веќе избраниот градоначалник на Гостивар, и од Села дека заплашувале гласачи во Струга ги нарече дезинформација.

„Тоа е чиста дезинформација и јас навистина не знам од каде му се наводите дека јас би праќал пораки да не седат со него, тоа не е моја работа“, рече Спасовски за обвинувањата од Таравари.

Додаде дека со ваквите изјави, Села и Груевски бараат оправдување за изборниот пораз.

Спасовски рече дека во владата нема никаков проблем ниту со Села, ниту со Алијансата за Албанците.

„Ние сме партнери, ние направивме коалиција, јавна и транспарентна коалиција и тоа се наши политички одлуки и тука нема замерки зошто сме направиле коалиција или зошто БЕСА и Алијансата за Албанците направиле коалиција“ вели Спасовски.

И покрај објавувањето на коалициите ние оставивме на вољјата на граѓаните, тврди Спасовски и додаде дека „Секој глас на СДСМ и на ДУИ и на другите политички партии е чист како солза на овие избори“.