Сваровските судии ги пуштија да избегаат не јас ! Нема никакво загрозување на безбедноста на државата поради информациите кои што ги знаат Грујевски и Бошковски, кои сега се во грчки притвор.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во синоќешниот настап на Тв Телма ја отфрли одговорност на полицијата за бегството на Грујевски и Бошковски, а за тоа ги туку ги обвини корумпираните „сваровски судии“.
„Не дозволив јас да ми избегаат, дозволија корумпираните сваровски судии, кои не дозволија да ги приведеме и на тој начин овозможија овие двајца да избегаат од Македонија. Оставија простор и тоа е единствен случај во Македонија, веднаш да не бидат пренесени во притвор, туку им се остави простор да избегаат“, рече Спасовски.
Полицијата беше максимално будна, да не беше немаше да ги пронајде во Солун и да бидат уапсени, додаде Спасовски.
Министерот не гледа загрозување на безбедноста на државата поради информациите кои што ги знаат Грујевски и Бошковски, кои сега се во грчки притвор.
„Што знаат тие знае и македонската јавност, тие многу години ги нарушувале човековите права во Македонија и тоа беше соопштено на јавноста. Тие не работеле во интерес на Македонија, работеле во интерес на група луѓе“, рече Спасовски во телевисискиот настап на Тв Телма.
Апсолутно ги отфрлам со индигнација сите наводи, на било кој политичар кој сака да ги инволвира полицајците во изборната кампања, не се вклучува ниту еден полицаец во кампањата на било која политичка партија во Македонија, тврди министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во синоќешиот настапа на Тв Телма, алудирајќи на забелешките од Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
ЛАГА е ! Апсолутно отфрлам се дека полицијата била инволвирана во изборна кампања !