Отповикан осомничениот за убиство на своите деца македонски конзул во Барселона

од Vladimir Zorba
94 прегледи

 На денешната владина седница и затворањето на конзулатот во Барселона

Македонија планира да го затвори почесниот конзулат на земјата во Кралството Шпанија со седиште во Барселона и да го отповика почесниот конзул на Македонија таму. Таков предлог до Владата достави Министерството за надворешни работи и тоа како точка на дневен ред веќе е ставено на денешната  владина седница.

„Министерството за надворешни работи до владата ќе достави предлог за затворање на Почесниот конзулат на Република Македонија во Кралството Шпанија, со седиште во Барселона, со Предлог-одлука, како и предлог за отповикување на Почесниот конзул на Република Македонија во Кралството Шпанија, со седиште во Барселона“, стои во соопштението од Влада.

Станува збор за Марио Сезар Деус Јела, каталонскиот забар кој пролетва ги уби своите тригодишни близначиња кои со мајката биле на одмор во Јужна Африка.

Набрзо по трагичниот настан тој беше уапсен, а неговиот адвокат тврдеше дека се обидел да се самоубие.

Марио Сезар Деус Јела има 48 години и по професија е стоматолог.

Министерството за надворешни работи тогаш соопшти дека преку Амбасадата во Мадрид е побарана верификација на информациите објавени во шпанските медиуми за наводно апсење на почесниот конзул на РМ во Барселона, Марио Деус, обвинет за убиство на двете малолeтни деца, од Министерството за надворешни работи и Министерството за внатрешни работи на Кралството Шпанија.

Марио Сезар Деус е почесен конзул на Македонија во Барселона од 6 декември 2012 година. Тој не е дипломат од кариера, туку бизнисмен и е познат стоматолог во Барселона.