Вкусен рецепт со кромид и кашкавал што мора да го пробате. Малку е понеобичен од похованиот кромид.

Состојки:
2 поголеми главици кромид
3-4 парчиња кашкавал по ваш избор
5 јајца
2 чаши брашно
2 чаши презла
масло и сос по желба
Начин на подготовка:
Исечете прстени од исчистениот кромид. Кашкавалот исечкајте го на ленти и ставете го врз кромидот.
Кромидот потоа оставете го еден час во фрижидер, а кога ќе го извадите, убаво поминете го во изматени јајца, брашно и презла.
Повторете ја постапката уште еднаш, но овој пат само во јајца и лебни трошки.
Пржете го кромидот во тавче со загреано масло за јадење.