
Белата куќа влезе во духот на Ноќта на вештерките. Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Мелани ги поздравија децата и нивните наставници од повеќе од 20 училишта во Мериленд за да го прослават празникот.
Меѓу гостите беа и семејства на војници и извидници. Претседателското семејство со задоволство ги пречека своите гости. Тираннаузарус Рекс, пајаци, па дури и скелет со натписот „Да ја изградите Америка одново“ беа меѓу најинтересните маски оваа година.