Според Алфабет, Русија дала пари за политичко рекламирање во САД

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Русите инвестирале во он-лајн политички реклами на интернет од 4.700 долари за време на изборите во САД.

 


Американската компанија Алфабет, сопственик на Гугл, тврди дека открила политички реклами платени од реклами во вредност од 4.700 долари во Русија.
Ова ќе  го соопшти претставник на оваа компанија во текот планираното за неделата сослушување за Русија пред Конгресот во САД. Според информации на “Ројтерс” предметните реклами биле ставени за време на предизборната кампања минатата година во САД.

“Алфабет” планира да формира посебна база на податоци, за да може редовно да објавува информации за тоа кој плаќа објавување на слични реклами.

Во петокот вработени од Поткомитетот за борба против криминалот и тероризмот, која е дел од правната комисија на Сенатот, на 31 октомври ќе направи  одржи сослушување, посветено на “распространети во интернет екстремистички материјали и руски дезинформации”.

Целта на ова сослушување е да се утврди како да се бори против “руската пропаганда”. На сослушувањето, адвокатот на Фејсбук, Колин Стрех, Правниот советник на Твид, Шон Еџ, и директорот за безбедност  на Гугл, Ричард Салгадо   ќе учествуваат на  сослушувања на 1 ноември пред специјалната комисија за разузнавање на Претставничкиот дом на САД.

Таа пак спроведува истрага за руска интервенција во изборите за претседател на земјата во 2016 година “Гугл” ќе биде претставенаод вишиот потпретседател и правен советник Кент Вокер.
На 6 септември Алекс Стамос, одговорен за безбедноста на “Фејсбук”, излезе со тврдење дека во периодот на изборите во САД во 2016 руска структура платила 100 000 долари за дистрибуција во оваа социјална мрежа рекламни пораки со политички карактер преку создавање на лажни профили и снимки.
Портпаролот на претседателот Владимир Путин, Дмитриј Песков изјави во врска со тоа дека Кремљ немал никаква врска со објавувањето на политичка реклама на “Фејсбук” и не знае кој стои зад тоа. /ТАСС