Швеѓанка ја измами смртта, брат и ѝ вперил пиштол, но тој не пукнал

од desk2
125 прегледи

Маж во петтата деценија од животот е уапсен во шведскиот град Гетеборг, откако се обидел да пука во својата сестра, но пиштолот не пукнал.

Тој го вперил пиштолот во главата на неговата сестра, но кога го повлекол орозот, тој само кликнал, но не пукнал, пренесе весникот Göteborgs Posten (GP).

Таа допатувала кај него да го види затоа што не бил добар. Кога ја сретнал пред станот во центарот на градот таа се обидела да го смири, но место тоа тој и вперил пиштол во главата.

„Секако тоа било ужасно искуство за неа. Истрагата треба да покаже зошто пиштолот не пукнал“, вели обвинителот Јохан Уден.

Братот е уапсен и обвинет за обид за убиство и сериозни вооружени злосторства. Тој е под психијатриска проценка.