Јапонска компанија им дава на непушачите плус шест дена годишен одмор

од desk2
73 прегледи

Има многу бенефити од тоа да сте непушач – ќе живеете поздраво, подолго, поубаво, а ако работите во јапонската компанија Piala Inc, дури и ќе одмарате подолго.

Оваа компанија им дава на непушачите плус 6 дена платен одмор во годината, а причината не е ниту заради здравје, ниту за безбедност, туку само заради тоа да се биде фер и праведен.

Паузите за пушење цигара во тек на работно време траат отприлика 15 минути (со оглед на тоа што зградата има многу катови и губат многу време), па непушачите почнале да се жалат дека работат многу повеќе од оние кои прават паузи по неколку пати во денот за цигара.

Компанијата ја зела предвид нивната жалба и го анализирала проблемот, па директорот се согласил со нив и се надева дека ова ќе биде добар поттик за повеќето вработени да се откажат од пушењето.