Канадските сертифицирани златни прачки се покажаа лажни. Прашањето кое ги мачи многумина сега е колку такви прачки има.

Rojal C. Mint започна истрага околу продажбата на златна прачка која била лажна. Злато од една унца запечатено и означено со соодветени печати, било продадено од канадска банка.
Јувелирот Семјуел Танг ја купил спорната прачка, која требало да биде 99.99 отсто чисто злато, за која гарантирала Royal Bank of Canada, која се наоѓа спроти неговиот дуќан.
Дополнителните испитувања кои ги направил златарот, покажале дека златото кое го купил не е злато.
„Како сега можам да бидам сигурен дека се вистински? Ме загрижува уште колку такви има?“, вели Танг.
Тој ги контактирал медиумите откако RBC одбила да го замени лажното злато. Во меѓувреме понудила да ја откупи прачката за 1.680 долари.