МИЛЧИН Ќосето треба да се постави пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
86 прегледи
 
На Ќосето не му е местото пред судската зграда. Правдата, односно „правдата” што ја спроведувал тој не е од нашиот век. Иако, за волја на вистината, ни правдата на тие што го поставија Ќосето не беше од нашиот век.

Затоа, можеби Ќосето треба да се постави пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Таму му е местото. За да (ги) потсетува на злосторствата во кои спаѓа и убиството на убавината за кое се исто така одговорни. Груевци и нивните божемни уметници.

Тоа не треба да се заборави и затоа не се согласувам дека Ќосето треба да заврши како градежен шут. Тој е доказ за тиранијата на грдотијата (во секоја смисла) 2006-2016 година.

 

статус на Фејсбук на Владимир Милчин