Вкусни канелони може да направите со секакво полнење, по вкус. Денеска ви нудиме рецепт за канелони со спанаќ и говедско месо.

Потребни состојки:
500г мелено говедско месо
1 кромид
130г. спанаќ
сол и бибер
1 лажичка оригано
1 пакување канелони
200г. рендан кашкавал
доматен сос
Подготовка:
Во благо загреана тава ставете масло и испржете го сецканиот кромид. Додајте мелено месо и пржете додека не биде готово. Зачинете со сол, бибер, оригано и други зачини по желба и додајте го спанаќот. Промешајте. Додадете една шолја доматен сос.

Наполнете ги канелоните со приготвената смеса. Во една тава ставете од доматниот сос и врз него наредете ги канелоните. Повторно прелијте ги со доматен сос, нарендајте кашкавал и ставете ја тавата во рерна загреана на 200 степени да се пече околу 40 минути.
