Американски бомбардери Б-1Б прелетаа крај Корејскиот Полуостров

од Vladimir Zorba
119 прегледи

  Два американски авиони-бомбардери од типот Б-1Б, во придружба на јужнокорејски и јапонски ловци, вчера изведоа воена вежба во близина на Корејскиот Полуостров, соопшти Военото воздухопловство на САД. 

Во соопштението се посочува дека вежбата на двата бомбардери, стационирани во база на американската пацифичка територија Гуам, била од претходно планирана и „не претставуваат одговор на некој настан“.

Според севернокорејските медиуми, стретегиските бомбадери Б-1Б во придружба на американски и јужнокорејски ловци спорвеле вежба во која симулирале изведување на ненадеен напад.