Шпански судија издаде европска потерница по сменетиот каталонски претседател на Влада Карлес Пуџдемон, изјави неговиот адвокат Пол Бекарт за белгиска телевизија VRT NWS во четврток вечер.

Потерници се издадени и за уште четири поранешни каталонски министри кои исто така се во Белгија, соопшти Бекарт.
Тој не изнесе повеќе детали за потерница, која сега белгиските обвинители треба да ја разгледаaт, но навести дека Пуџдемон ќе вложи жалба на секоја белгиска одлука за да го испорача на Шпанија.
Нема потврда за издавање потерница од Шпанија. Во претходните извештаи на шпанските медиуми се наведува дека судијката Кармен Ламела ги подготвила потерниците, но сè уште не се пратени.
Сите пет каталонски пратеници се изведени пред Националниот суд во Мадрид се соочуваат со обвинение за побуна, повикување на немири и проневера на јавни пари. Тие обвиненија повлекуваат затворски казни и до 30 години.
Судот веќе нареди притвор без кауција за осум останати членови на регионалната влада кои сведочea на суд во четвртокот, меѓу кои и поранешниот потпретседател на каталонската регионална влада Ориола Жункерес.