
Научниците открија дека пчелите имаат навика да летаат и работат или само лево или десно, и тоа влијае врз нивните одлуки кога се движат низ пречки и летаат во текот на ноќта, пишува Science Alert.
За разлика од луѓето, пчелите не сакаат еден или друг начин на работа, особено кога станува збор за целата популација.
До оваа констатација дошол тим научници од Австралија, кои ја следеле работата на дури 102 пчели кои биле означени со различни бои за да можат да ги разликуваат една од друга.
Пчелите биле воведени во тунел долг 120 сантиметри, на чиј крај ималло хранилка, а во средината имало пречка со два одделни отвора низ кои можеле да се разликуваат по големина и пропорција една спрема друга.
Левичарите и десничарите речиси рамномерно биле распоредени. Пчелите се приклучуваат на растечката листа на животни кои имаат оринетација само за лево или десно. Постојат резус мајмуни, стаорци, мравоједи и некои инсекти.