Таа додаде дека прашањето за азил на поранешниот каталонски лидер ќе се решава на суд, ако  такво барање биде испорачано

  Министерот Маргем истакна дека белгиската влада “не треба да се меша во работата на суверена земја која дејствува на демократска основа”.

Вчера Карлес Пучдемон не се појави пред Врховниот суд на Шпанија, за да одговори на прашањата на обвинителите кои формираа кривична постапка против него за бунт, противодржавна дејност и злоупотреба на јавни средства. Подоцна вчера шпанското обвинителство бараше европски налог за негово апсење. Според некои шпански медиуми, еден шпански судија издаде европска потерница, но според други информации, тоа сепак не се случило.

Белгискиот адвокат на Пучдемон изјави дека поранешниот претседател на Каталонија ќе се бори против екстрадицијата без да бара политички азил .

Сепак, Ројтерс информира дека белгискиот министер за азил и миграција Тео Франкен не   исклучува доделувањето на азил на Пучдемон . Тој објасни дека прашањето е “до кој степен судењето ќе биде фер?”