Управниот суд разгледа десет од пристигнатите тужби, одлуките се очекуваат во недела

од desk4
84 прегледи

Управниот суд разгледа десет од 16 тужби, поднесени во врска со вториот круг од локалните избори.

Одлуките за овие тужби, како што изјавија за МИА од Судот, ќе бидат донесени во недела.

Во текот на утрешниот ден ќе бидат разгледани и преостанатите шест тужби.

До Управниот суд денеска заклучно до десет часот беа поднесени 16 тужби.

Единаесет од тужбите беа поднесени од Алијанса на Албанците, четири од движењето „Беса“ и една од Народно движење за Македонија.

Управниот суд има должност да донесе одлука по жалбите во рок од 48 часа по нивниот прием.

ДИК на седница ги отфрли сите приговори поднесени за вториот круг од локалните избори.