
Диво насеље – две години потоа – 8 доживотни казни, 13 по 40 години и 4 ослободителни. Одбраната најавува жалби и бара меѓународна истрага, осудените го прозваа директно лидерот на ДУИ, Али Ахмети за одговорност, а на сметката на Ахмети стигнаа политички рафали и од неговите опоненти во албанскиот кампус. Меѓународна истрага најавува и власта. Ќе се стигне ли конечно до одговор на прашањето што се случи на 9 мај 2015, кој заврши кобно за осуммина припадници на македонската полиција, но и кој и дали некој стои зад крвавите настани. Гости во 24 Анализа безбедносниот експерт Благоја Марковски, поранешниот началникот во БЈБ Љубомир Ѓурчевски, аналитичарот и уредник на „Лајм“, Исен Салиу. Во емисијатa ќе ги чуеме и дел од аргументите на дел од адвокатите на одбраната.