
Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија е главна основа за подобрување на односите меѓу двете земји, вели европратеникот од ГЕРБ Андреј Ковачев во интервју за ТВ 24 откако бугарските власти информираа дека договорот ќе влезе на ратификација во Бугарскиот парламент следнава недела.
Бугарските власти очекуваат истото да се случи наскоро и во Македонскиот парламент сега откако завршија локалните избори.
Наталожените сенки што не разделуваа во минатото независно дали е од идеологија или политика да ги оставиме во минатото порачува Ковачев. Во интервјуто вели дека Македонија ќе заземе значајно место високо на агендата на бугарското претседавање со унијата кое почнува од 1 јануари 2018.