
Сведоци, потресени од ужасната сензација што ја видоа зборуваат за Ангели, кои го најавуваат доаѓањето на антихристот и апокалипсата.
Чудни звуци се слушаат на небото. Зошто никој порано не ги слушнал? Зошто тие сега се појавуваат во еден момент или на друг дел на земјата?
Овие прашања ги поставува специјализираното издание esoreiter.ru.
Сега „небесните труби“ ги исплашија жителите на Канада и Индонезија кои сметаат дека доаѓаат последните денови на нашето постоење и ангелите тоа го објавуваат, како што е напишано во Библијата, за доаѓањето на антихристот и почетокот на апокалипсата.
Повиците од небото беше слушнати на 2 ноември од жителите на канадските градови Калгари и Алберт, при што, како што тврдат сведоците, ниту еден запис не може да го пренесе страшното чувство кога се слуша небесниот глас, зашто звуците бодат човекот до секоја негова клетка.
Исти сензации пред еден ден доживеаја и жители на голем број области во Индонезија. За разлика од „цивилизираната“ Канада, таму не се исплашија толку многу, колку што се зачудија од мистериозна појава.
Бројни видеа од феноменот веќе ја преплавија мрежата. Тие зборуваат сами за себе: „Луѓето слушаат звуци од небото уникатно – сигнал од виша сила“.
И што и да се зборува по тој повод од научниците, нивните зборови се детски фатназии, бидејќи не се потврдени од практиката и не даваат одговор на основното прашање – зошто токму денес, кога светот е толку кревок и нестабилен, се родиле апокалиптичните звуци, што христијаните ги знаеле пред илјадници години?