Вашингтон: Ние сме многу блиску до решавање на спорот за името на Република Македонија

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Американскиот помошник државен секретар Хојт Брајан Ји е оптимист дека ќе има решение за името на Република Македонија.


Прашањето за спорот околу името меѓу властите во Скопје и Атина   е што е можно поблиску до неговото решавање.
Тоа е она што американскиот помошник државен секретар Хојт Брајан Ји го изјави за  Гласот на Америка.

“Сеуште останува доста работа, при тоа и од двете страни … Ќе има уште преговори, но јас сум оптимист дека ќе има решение, затоа што има желба и во Грција, и во Република Македонија на највисоко ниво, како никогаш до сега “, изјави помошник државниот секретар на САД, Хојт Брајан Ји.

Според него, “Македонија има навидум најмалку проблеми околу мировните преговори, но нејзината безбедност зависи од решавањето на спорот за името и нејзиното пристапување во НАТО”.

Локално.мк  потсетува дека Грција го блокираше членството на Македонија во ЕУ и во НАТО повеќе од 20 години. Властите во Атина не ја признаваат Македонија  под уставното име – Република Македонија, туку ја ословуваат под привремената референца од ОН Поранечна Југословенска Република Македонија. Македонија ја тужеле Грција за блокадата на Атина за членство на Македонија во НАТО  и ЕУ, потоа поради името  тужи пред Меѓународниот суд во Хаг , ја доби тужбата ,но Грција не ги менува т.н свои црвени линии. Таа смета дека Македонија има територијални претензии поради истоимената област Македонија во Северна Грција и дека тоа е иредентистичка политика на Скопје.  Помеѓу двете земји, траат преговори веќе две децении , во мометов преку посредник и  медијатор  Метју Нимиц и истите се  неуспешни .