Размената на закани и навреди меѓу САД и Северна Кореа нема да донесат ништо добро и постои потреба за продолжување на разговорите, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Тој ги коментираше изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп во Јужна Кореја и нагласи дека Русија повеќепати го изнела својот став по тоа прашање.
„Повеќепати ги изнесовме нашите ставови за тоа. Размената на закани, дури и навреди, нема да донесе ништо добро, а ги имаше на двете страни“, рече Лавров.
Рускиот министер додаде дека постои потреба да се седне и да се постигне согласност и напомена дека постои предлог од Русија и од Кина, кои меѓусебно се убедени дека мирното решени нема алтернатива.
„На безбедносните прашања треба да им се пристапи со бистра глава, место употреба на емоции. Таа игра е премногу опасна“, вели рускиот дипломат.
Лавров рече дека веќе се повикал на зборовите на американскиот секретар на одбраната Џејмс Матис, кој летоска изјави дека во случај на воен судир, би дошло до катастрофа со десетици илјади жртви, додека последните проценки се и дека би имало милиони жртви, пренесе ТАСС.
Рускиот министер додаде дека не ја исклучува можноста во Да Нанг во Виетнам да се сретне со државниот секретар на САД Рекс Тлерсон, кога американскиот дипломат ќе стигне во градот, заедно со американскиот претседател.
Трамп претходно им рече на членовите на јужнокорејскиот парламент дека САД дава предност на воспоставување со сила и додаде дека меѓународната заедница не може да толерира режим кој и се заканува со нуклеарно разорување.