Федералниот Уставен суд на Германија донесе одлука опцијата за изјаснување како лице припадник на „трет пол“ мора да биде вклучена во официјалните документи.

Во одлуката се наведува дека креирањето на новиот поим овозможува во изводите од матичната книга на родените таа можност да се најде до крајот на следната година.
Одлуката е донесена откако едно лице, кое со анализа е утврдено дека не е ни маж ни жена, покрена постапка за добивање статус „меѓупол“.
Првата пријава е одбиена затоа што според германскиот закон детето мора да биде впишано како машко или како женско, или пак тоа поле да остане непотполнето.
Судот во Карлсруе наведе дека актиелните регулативи се спротивни на германскиот Устав, кој забранува дискриминација.