Косовската Влада издвои по 10.000 евра за семејствата на осудените во случајот „Диво насеље“

од desk2
115 прегледи

Косовската Влада донесе одлука со која ќе издвои 290.000 евра на име трошоци на семејствата во случајот „Диво насеље“.

Премиерот Рамуш Харадинај на седница на Владата изјави дека на секое семејство ќе им бидат дадени по 10.000.

– На семејствата ќе им се доделат по 10.000 евра на име непредвидени трошоци. Списокот на лицата кои ќе добијат средства веќе го имаме,-посочил Харадинај.

Тој претходно на средба со семејствата на осудените во случајот, им ветил дека максимално ќе се заложи за „повторно, праведно и коректно судење“ на нивните најблиски од кумановската група.