Францускиот институт за нуклеарна сигурност (IRSN) на своите страници објави дека се појавил радиоактивен облак над Европа последните денови, и дека се сомневаат дека е поради некоја несреќа во Русија или во Казахстан.

Угледниот институт ја исклучи можноста несреќата да се случила во нуклеарна централа, па појаснуваат дека веројатно станува збор за објект кој третира нуклеарен отпад или центар за нуклеарна медицина.
Исто така, наведената институција вели дека не дошло до влијание врз здравјето на човекот на подрачјето на Европа.
Според нив, несреќата најверојатно се случила меѓу Урал и Волга.
Руските власти велат дека не се известени дека дошло до некаква несреќа на нивна територија.