
На почетокот на средбата на Азиско-пацифичка економска соработка (АТИС) што се одржува во Виетнам, рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега, Доналд Трамп, се сретнаа.
Двајцата лидери се поздравија и разменија неколку зборови, пред организирањето на фотографирањето на лидерите, кои учествуваат на средбата наречена Азиско-пацифичка економска соработка (АТИС), којашто се одржува во градот Danang, објавија руските медиуми.
Снимките покажуваат како Путин и Трамп се ракуваат додека останатите учесници на состанокот не се наредија за правењето на заедничката фотографија.
По неа сите се упатија во соседната сала на свечената вечер организирана од страна на домаќинот на средбата – претседателот на Виетнам Чан Дај Кунаг. Претходно, Белата куќа објави дека поради преоптоварениот распоред во Дананг, Трамп нема да има формален состанок со својот руски колега.