Кинеските потрошувачи денеска, по повод Денот на самците, потрошија повеќе од 19 милијарди долари купувајќи разни артикли од пелени до дијаманти.

Продажбата почна на полноќ, а најголемата компанија за трговија преку интернет Alibaba соопшти дека преку нивниот сајт истргувани се производи кои надминуваат 19 милијарди долари во првите 12 часа од празникот на двојни единаесетки.
И ривалите на Alibabа, како JD.com, бележат огромни заработки затоа што на купувачите им понудија големи попусти на облека, паметни телефони, туристички аранжмани и други производи.
Денот на самците го востановија студентите во 1993 година, а замислен е како пандан на Денот на заљубените за младите кои немаат партнери.
Младите подаруваат едни н други подароци и го прославуваат статусот на самци, а често одат на забави каде можат и некого да запознаат.