Несекојдневна глетка се случи во американска судница откако 24 годишниот Треј Релфорд е осуден на 31 година затвор, а една сцена ги погоди сите, дури и заплакаа.

Имено, таткото на убиениот доставувач на пица, 22 годишниот Салахудин Џитмуд, кој е убиен пред две години, пред сите после говорот го прегрна убиецот на својот син.
Синот го опиша како нежно, великодушно и срамежливо момче кој се интересирал за музика, пишување и на кого тоа му била последна достава, откако одлучил да побара нова работа. На крајот на својот говор се сврти кон убиецот и ги шокираше сите во судницата кога кажа дека не го обвинува за убиството на својот син.
https://www.youtube.com/watch?v=mlPzaT_noYU
– Ја обвинувам сатаната која вас ве завела и ве натерала да направите вакво злосторство, кажа таткото.
Истакна дека е важно да се прости, затоа што простувањето како што тој кажа било најголем дар од Господ.
Несреќниот Салахудин бил избоден и ограбен додека доставувал пица во Лексингтон во сојузната американска држава Кентаки, во април 2015 година.
https://www.youtube.com/watch?v=bYF_hbLCHsQ
Мајката на убиецот кажала дека нејзиниот син имал убаво детство, но дека како тинејџер почнал да се дрогира.
– Ја преземам целата одговорност за смртта на вашиот убав син. Искрено ми е жал за вашата загуба и шокирана сум со овој гест на простување кажа мајката на убиецот.
На крајот и самиот убиец се обрати.
– Страшно ми е жал за се. Не можам да замислам вашата болка, не можам ништо да направам, ви благодарам на прошката, изјави тој.